Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Австрија доби прва жена канцeлар – на местото од Курц доаѓа Бригите Бирлајн

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
Brigite-Birlajn

Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен денеска ја избра претседателката на Уставниот суд за привремена канцеларка , откако парламентот му изгласа недоверба на Себастијан Курц и на неговата влада. Бирлајн, која се смета за личност со конзервативна политичка ориентација, е првата жена во историјата на Австрија која ќе ја извршува функцијата канцелар.

— реклама —

Од 2018 година таа е претседателка на Уставниот суд и се смета за натпартиски кадар.

— реклама —
— реклама —

Бригите Бирлајн, која оваа година поради навршените 70 години , ќе мора да се пензионира од местото претседател на Уставниот суд, е задолжена да го состави кабинетот кој ќе има поддршка од Парламентот до изборите , што ќе се одржат во септември.

Владата на Курц се распадна како резултат на аферата Ибицагејт, каде заменик канцеларот Ханц Кристијан Штрахе во 2016 договара бизнис со жена која се претставила како внука на руски милијардер .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања