Австриска вечер на Охридско лето: Вечер со гудачки квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Охрид
1L3A5798

Возбудливо уметничко доживување приредија членовите на гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук, настапувајќи на Австриската вечер на фестивалот „Охридско лето“.

— реклама —

Публиката уживаше во извонредната изведба на виолинистите Сузан Мерт-Томази и Андреј Јаблоков, на виолистката Елеонора де Пои, виолончелистот Леонардо Сесена, како и на контрабасистот Драган Трајковски кој е по потекло од Македонија и е водач на групата контрабаси на Тиролскиот симфониски оркестар повеќе од 15 години.

— реклама —

-Настапот на „Охридско лето“ е голема чест за нас. Доаѓаме првпат на фестивалот и многу ни се допаѓа. Во Охрид владее прекрасна атмосфера, а местото каде што настапуваме е волшебно. Со нетрпение го дочекавме нашиот концерт во црквата, рече виолинистката Сузан Мерт-Томази.

— реклама —

На репертоарот беа гудачки квинтети од композиторите Фридрих Гулда, Антонин Дворжак и Љупчо Трајковски Фис.

Австриската вечер на фестивалот се одржува секоја година со поддршка на Амбасадата на Република Австрија во Р.С. Македонија, Австриската влада и ЕВН Македонија како еден од главните спонзори на оваа најголема музичко-сценска манифестација во земјава.

Отворајќи ја Австриската вечер, директорот на НУ„Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, рече дека висококвалитетната уметничка програма која ги носи австриските уметници се должи токму на огромната поддршка што ја има фестивалот.

-Како уметник, минат стипендист на Австриската влада, му се заблагодарувам на неговата екселенција, амбасадорот Мартин Памер, на Австриската амбасада, како и на Владата на Република Австрија за несебичната поддршка на македонската култура и уметност, како и на македонските уметници. Огромна благодарност до нашиот генерален спонзор А1 Македонија, Ексклузивниот спонзор Казинос Аустрија, како и до главниот спонзор ЕВН Македонија без чија поддршка годинешното издание на фестивалот немаше да има ваква висококвалитетна уметничка програма, рече директорот Цуцковски.

Фестивалската програма продолжува вечерва со театарската претстава „12“ напишана по мотиви од „12 гневни мажи“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Ефтимов, а во изведба на дванаесет извонредни актери од Македонскиот народен театар-Скопје. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања