Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Автобус и „мерцедес“ се судрија пред клучката Приштина, има повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryhhc3u0fpsg3v4cYdyp8
Илустрација / Скопје1

Седумдесет и седумгодишен возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу автобус и автомобил „мерцедес“, која вчера попладне се случила на скопската обиколница, пред клучката Приштина. Во несреќата е повреден и 31-годишен патник од автобусот.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 20 октомври 2026 година, околу 17 часот, во СВР Скопје.

Во судирот учествувале автобус со косовски регистарски ознаки, управуван од Б.М. (68) од Гостивар, и патничко возило „мерцедес“, исто така со косовски регистарски ознаки, управувано од М.И. (77) од Косово.

— реклама —

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 77-годишниот возач на патничкото возило, додека со телесни повреди се здобил патникот од автобусот С.У.Б. (31) од Гостивар“, информираат од МВР.

— реклама —

Повредите биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Скопје.

— реклама —

Засега не се соопштени причините за судирот, ниту околностите под кои дошло до несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

grobista-3

Вандализам на гробишта во Ѓорче Петров: Искршени две мермерни плочи

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Судир на две возила во Скопје: Девојка се здобила со тешки повреди, уште две лица повредени

Македонија | пред 19 часа

media-library8f8pvkckrk5h6Pb4GBy

Малолетен возач и неговиот сопатник тешко повредени во сообраќајка во Скопје

Македонија | пред 19 часа

media-library442u516q70206nazeAm

93-годишен пешак тешко повреден откако бил удрен од автомобил во Скопје

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања