Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Автобус излетал и се превртел во Турција: Еден загинат и 40 повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library0t5klgehkclq0onR0bd
screenshot X

Едно лице загина, а 40 патници се повредени откако автобус се превртел на автопатот Каман–Анкара, во близина на турскиот град Кириккале.

Според турската агенција „Анадолија“, несреќата се случила кога возачот изгубил контрола над автобусот, по што возилото излетало од патот и се превртело. Во несреќата животот го загубил 92-годишен патник.

— реклама —

Повредените со возила на Итната медицинска помош биле пренесени во околните болници, каде што им се укажува лекарска помош.

— реклама —

На местото на несреќата интервенирале екипи на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), противпожарната служба, Итната медицинска помош, жандармеријата и полицијата.

Гувернерот на Кириккале, Мехмет Максут Сарибрахим, изјавил дека коловозот бил лизгав поради утринскиот мраз, што, според првичните информации, е причина за несреќата.

— реклама —

„Патот беше лизгав поради првиот утрински мраз. Несреќата се случи поради лизгавиот коловоз. Уште еднаш се потврдува дека сите патници во автобусите треба да користат сигурносен појас“, изјавил Сарибрахим.

Тој додал дека возачот на автобусот е приведен, а надлежните институции спроведуваат истрага за утврдување на сите околности под кои се случила несреќата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Турција планира шест нови нуклеарни реактори со моќност од 4.500 мегавати

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-library5qujv2uca6ud0xWJ3Wl

Тешка трагедија во Турција: Најмалку 16 загинати во експлозија во фабрика за челик, се трага по затрупани лица

Свет | пред 2 дена

media-librarybe0lj08un5agaFHAKEv

Турски суд одреди притвор за поранешна министерка, под истрага за тргување со повластени информации

Свет | пред 6 дена

media-libraryhfgln0iq7re49I6sgX2

(Видео) Крвав напад во Турција: Осум лица убиени, полицијата трага по напаѓачот

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања