Промени тема
Контакт

Автокефалноста на МПЦ – Охридска Архиепископија е резултат на сите досегашни напори и процеси спроведени во државата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mpc-1

СДСМ на сите православни верници и на сите граѓани им го честита прифаќањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија со уверување дека со заеднички напори на Поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан, Синодот и државниот врв наскоро ќе дојде до потпишување на Томосот за целосно признавање на автокефалноста на Охридската Архиепископија од страна на Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј, вели СДСМ

„Ова е радосен момент за сите православни верници од Северна Македонија, важен историски настан и за македонскиот народ но и за сите граѓани како резултат на сите досегашни напори и процеси кои беа спроведени во државата.

— реклама —

Со прифаќањето на МПЦ - ОА во канонско единство со останатите православни цркви полека се затвора уште едно повеќедецинско отворено прашање и истовремено се заокружува македонската самобитност и независност на што траен белег е МПЦ ОА.

— реклама —

Благодарение на Одлуката на Вселенскиот патријарх г.г Вартоломеј и нејзино прифаќање од Српската православна црква се прекина повеќедецениската сестрана изолација и стаблирањето на МПЦ-ОА како рамноправен меѓународен ентитет во православната екумена.

— реклама —

Поколенија и поколенија претходници и наши најистакнати дејци два и пол века сонуваа за она што денес го доживеа МПЦ ОА и ние како народ, граѓани и држава“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања