Промени тема
Контакт

Автокоманда чекор поблиску до зонско паркирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Воведувањето зонско паркирање во Автокоманда е чекор поблиску до реализација откако Советот на Општина Гази Баба на последната седница донесе одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за поставување сообраќајна сигнализација и уреди за смирување на сообраќајот.

— реклама —

„Со оваа одлука создаваме услови за реализација на следната важна фаза и се приближуваме до воведувањето зонско паркирање во населбата“, соопштија од Општина Гази Баба.

— реклама —

Активностите ќе ги спроведува ЈП „Улици и патишта“, врз основа на изработениот Основен сообраќаен проект за измена на режимот на сообраќај на постојната улична мрежа во Автокоманда.

Од локалната самоуправа посочуваат дека јасната сообраќајна сигнализација и мерките за смирување на сообраќајот се важни за зголемување на безбедноста на сите учесници, особено на пешаците, децата и повозрасните граѓани.

— реклама —

Според Општината, подобрата организација на паркирањето треба да овозможи порационално користење на паркинг-местата, попристапни улици и поуреден јавен простор.

Целта е преку плански и координирани активности да се одговори на секојдневните потреби на жителите на Автокоманда, да се воведе поголем ред во паркирањето и да се овозможи побезбедно одвивање на сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања