Автократот Џафери не е достоен за претседател на Собрание, очекуваме Ковачевски и СДСМ да ја поддржат интерпелацијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
dzaferi-1

Автократот од Форино, Талат Џафери не е достоен да го води законодавниот дом. Тој во клучната демократска институција со своето самоволие ги лиши пратениците од слободно движење, да им заклучува врати и да ги држи како заложници, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Тој со ова свое дејствие стори кривично дело од чл. 140 ст.3 и 4 од КЗ, од кои ст.3 гласи дека и обидот се казнува. Додека ст.4 вели дека ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

— реклама —

Да потсетиме дека Џафери во рок од десетина дена влегува од скандал во скандал. На заклучувањето на пратениците му престоеше пцуење, навредување и дерење кон службениците во собранието, но и скандалот со средбата со чеченски политичар кој што е близок со режимот во Кремљ, кој е директен ризик по безбедноста. За сето ова Џафери ниту се извинува, ниту има намера да поднесе оставка.

— реклама —

Да има грам совест Џафери ќе си поднесеше оставка. Бидејќи нема, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат Интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери. Очекуваме конечно Димитар Ковачевски и СДСМ да излезат од заложништвото на ДУИ и да ја поддржат интерпелацијата. Во спротивно ќе покажат дека поважни им се фотелјите од демократијата и личната кариера кои им зависат од ДУИ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања