Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Автомобил со мигранти се судрил со полициско возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
migranti_kola

На 21.12.2019 околу 04.50 часот, пред патарина Отовица - Велес, во координирана акција било сопрено патничко моторно возило „фолксваген фејтон“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С. (24) од с.Студеничани, скопско, во кое биле превезувани 10 лица мигранти од Авганистан. При застанување на возилото дошло до судир со полициското возило „ландровер“, при што со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и двајца мигранти, кои биле префрлени во Општа болница Велес.

— реклама —
— реклама —

Околу 06.00 часот, на локалниот пат за с.Отовица, биле лишени од слобода Б.И.(19), кој управувал патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, и сопатниците Б.В.(28) и А.И.(23), сите од Скопје, поради сомнение за поврзаност со настанот, по што биле приведени во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. За случајот е известен Јавен обвинител, а по комплетно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Пронајдените мигранти се префрлени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“, Гевгелија.

— реклама —
— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања