На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 70-годишен скопјанец, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Несреќата била пријавена во СВР Скопје на 22 септември околу 10:45 часот. Според пријавеното, патничко возило „мерцедес“, управувано од 41-годишниот П.Г. од Скопје, удрило во инвалидска количка во која се наоѓал Т.П. (70) од Скопје.
Во ударот, Т.П. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.