Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешното изборно собрание на партискиот огранок во Чаир, им порача на сопартијците да не се грижат поради објавуваните материјали од страна на Ел Чека, а на политичките противници им порача да се натпреваруваат со партиските органи.
-Постоеше загриженост кај некои мои соработници поради неколку прислушувани материјали. Оставете ги, тие се залудни. Ако имаше криминал за ДУИ, кој ќе не поштедеше – рече Ахмети.