Ахмети: Ако помине референдумот, ќе се донесе и законот за јазици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Приоритети ни беа НАТО и ЕУ, а приоритет над приоритетите ни беше спроведувањето на Рамковниот договор, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва од плоштадот „Скендербег” во Скопје каде го одржаа централниот собир за референдумот на 30 септември.

— реклама —

Се приближуваме до финализирање на овој договор, особено на последниот акт за употреба на јазиците, што е последен негов дел. Чекаме заедно со одлуката за Преспанскиот договор, претседателот на Собранието да потпише две главни решенија – законот за јазиците и Преспанскиот договор за потоа да бидат објавени во Службен весник и да стапат во сила – рече во обраќањето пред граѓаните Ахмети.

— реклама —

Според него, 30 септември е неповторлив исторски момент, бидејќи се носи одлука за европската иднина на земјата.

— реклама —

– На 30 септември го ставаме камен-темелникот на европската иднина на земјата. Ние донесовме важни, храбри одлуки за да го направиме нашиот народ горд пред овој историски ден пред нас. На 30 септември, се гласа за држава, иднина, економија, инвестиции, иднината на идните генерации и векови што следат. На 30 септември, нема друга алтернатива освен НАТО и ЕУ – истакна Ахмети.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека сите сме сведоци на една невидена дипломатска активност со бројни пораки за поддршка на договорот меѓу Грција и Македонија.

– Договорот е определба за градење мостови на сплотеност, добри соседски односи и ова е единствен начин за развој на земјата. Заслужуваме да живееме во стабилна и деморкатска држава каде владее правдата, правна и прогресивна држава. Сега е моментумот за исторсика одлука, време е да станеме едно со евроатлантското семејство, со европските стандарди и вредности и да ја донесеме вистинската одлука. На 30 септември да излеземе и да одлучиме во каква држава сакаме да живееме и на тој начин да одлучиме за нашата судбина – подвлече Џафери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања