Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Ахмети има свои очекувања за изборите в недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во „Отвореното студио“ на 1ТВ рече очекува поголема излезност во вториот круг од претседателските избори в недела.

– Ова е првпат најголемата албанска и македонска партија да имаат заеднички претседателски кандидат. Не беше лесно. Сакаме во нашата држава да се инсталира рационалноста. Интересите на државата не соединуваат. Не беше лесно за ДУИ, и овој процес беше отежнат од кандидатурата на еден друг албански кандидат. И луѓето беа во дилема дали да гласаат за етнички Македонец или етнички Албанец. Иако се знаеше дека албанскиот кандидат не може да победи, кампањата го направи своето – рече Ахмети.

— реклама —

Тој вели дека излезноста на гласачите на ДУИ било задоволително и тој е задоволен со оваа излезност.

Според неговата проценка, над 50 илјади гласови од албанското гласачко тело ги добил Пендаровски.

— реклама —

Ахмети даде свој коментар и за истакнувањето на знамето на Самоиловата тврдина. Тој овој чин го оцени како емотивен момент на оние кои го направиле тоа. Според Ахмети воопшто не требало да бидат казнети сторителите, затоа што на тој начин и се придава поголема важност на работата отколку што е.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања