Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изјави дека изборите се најдобро решение, по недобивањето на датумот за започнување на преговорите.
„Мислам дека најдоброто решение за земјата е да се оди на вонредни избори. Тука, не би сакал ние да се поставиме во улога на ловци на вина, затоа што е неприфатливо да прифатиш вина за која не си виновен. Република Северна Македонија е колатерална штета на самите разлики што ги има Европската унија и во овој случај Франција го искористи статутарното право на вето, затоа што самата Европска унија е во потрага по градење на нови ситуации за проширување и токму лидер на оваа идеја е Франција. Така што, недоделувањето датум го примија со жалење сите најголеми канцелари на Европа, тргнувајќи од госпоѓата Меркел, претставникот на Италија, на останатите земји“-изјави Ахмети.