Ахмети му врати на Заев: Премиер не се станува ниту со 46 пратеници!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Ниту со 46 пратеници не се станува премиер, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети. Оваа изјава на Ахмети доаѓа како реакција на изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој денеска истакна дека не се станува премиер со 15 пратеници, колку што всушност има ДУИ.

— реклама —

-Во оваа ситуација, на сите инволвирани страни им е потребна смиреност, мудрост и да размислуваат за највисоките интереси на државата. Можам да кажам дека ДУИ е фактор на стабилност во земјата. Ние внимателно ги анализираме ситуациите, нема да брзаме. Секоја чекор што ќе го преземаме, ќе го направиме во интерес и корист на државата, мирот, стабилноста и унапредувањето на поголемите процеси, како што се Охридскиот договор, Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, спроведувањто на законот за јазиците, борбата против криминалот и корупцијата. Но, во никој случај да не се избегнува од процесот на Ветинг. Секој ќе биде во партнерство со нас ако се согласув со овие точки. Вклучувајќи го и премиерот – изјави Ахмети за Коха.

Тој додава дека засега нема ништо конкретно во однос на разговорите за формирање на новото парламентарно мнозинство.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања