Ахмети на крајот на политичката кариера, ќе остане запаметен како човекот кој потона во криминал и корупција, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
ahmeti

Али Ахмети и самиот е свесен, дека неговата политичка кариера се ближи кон крајот, а ќе остане запаметен кај народот, дека освен тоа што ја направи ДУИ криминална организација, туку и по тоа што во овие црни работи, го вклучи своето семејство, а едни од многуте примери се неговиот син Шкумбин и неговите внуци, Дрин и Бесијан, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Внукот Дрин купува згради вредни 30 милиони евра, другиот внук Бесијан е назначен од послушникот на Ахмети, министерот Османи, за прв секретар во амбасадата во Брисел, притоа скокајќи за 3 места нагоре во административната хиерархија. За да биде од дното и поголемо дно, овие двајца, заедно со синот на Али Ахмети, Шкумбин, ќе градат заедничка фотоволтаична централа, од 60 мегават-часови, која ќе биде во јавно-приватно партнерство со државата.

— реклама —

Молчат партизираните институции, а очигледно амин имаат и од домазетот во владата Ковачевски, кој глуми цело време паднат од Марс, како тој ништо не знае.

— реклама —

Затоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја превземе власта за неколку месеци, ќе знае и тоа како, да одговори на криминалот и корупцијата на власта“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryubcsa556keil7DKsDUc

ДУИ нудела влез во Владата по секоја цена, Ахмети прифатил помалку министерства и без претседател на Собрание, вели Стојаноска

Македонија | пред 1 седмица

mickoski-ahmeti

Законот за прекршоци ќе помине со двотретинско мнозинство без Бадентер, „Сејф сити“ стартува од февруари, Ахмети не условува, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 седмици

ahmetii

И Ахмети по Апасиев одлучи да оди на лидерска, осамен во бојкотот остана Филипче

Македонија | пред 3 седмици

filipce-ck-sdsm

Филипче за заканите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија, тоа нема да му помине

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања