Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ахмети најави повлекување од лидерската функција во ДУИ: Сакам да се приклучам на ветераните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, најави дека во иднина ќе се повлече од претседателската функција во партијата и ќе се приклучи на ветераните.

— реклама —

Говорејќи на изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, Ахмети порача дека нема намера засекогаш да остане на чело на партијата.

„Нема да останам засекогаш претседател на партијата. Сакам да се приклучам на ветераните и да видам како ќе се борам како ветеран“, изјавил Ахмети.

— реклама —

Тој најавил дека и по повлекувањето од лидерската позиција ќе остане активен во политичките процеси и ќе продолжи да придонесува за, како што рекол, албанската кауза.

— реклама —

Во своето обраќање ги спомнал и поранешните партиски функционери, меѓу кои и Садула Дураку, за кого посочил дека ќе биде дел од раководството на комитетот на ветераните.

Најавата на Ахмети веќе отвори прашања за идното раководство на ДУИ и за процесот на наследување во партијата. Политички аналитичари оценуваат дека најголем предизвик за ДУИ ќе биде зачувувањето на внатрешното единство по заминувањето на лидерот кој повеќе од две децении е нејзино најпрепознатливо лице.

— реклама —

Според достапните информации, во локалните структури на партијата веќе се направени значителни кадровски промени, при што се сменети 73 проценти од раководните позиции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања