Не може ВМРО-ДПМНЕ да одлучува кој ќе победи во Гостивар, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со жителите на гостиварското село Форино.
– Ние сме достоинствен народ. Како Албанци мора да бидеме единствени, бидејќи уште владеат предрасуди. Не правам компромиси со албанското прашање во Македонија. Ние сме апсолутен победник, ако го преточиме во мандати на пратеници ќе имавме 19 пратеници. Треба да се обединиме бидејќи стануваме важни за локалното население. Ако имаме единствени општини, бидејќи целата агенда е поврзана со општините, ќе биде многу поинаку – рече Ахмети.