Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ахмети не престана со „кукање“ по медиуми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-09-17-at-22.09.17

Неколку години по ред се прави црна кампања против ДУИ, но последните години се забележуваат сериозни активности за кампања против партијата. Ова во ексклузивно интервју за ТВ21 го изјави лидерот Али Ахмети.

„Се работи за добро смислена кампања против мене лично и против Демократската унија за интеграција. Дури можам да кажам дека се работи за нацистичка кампања затоа што сметаат дека ДУИ и Албанците ќе им ја земат државата и економијата“, вели во интервјуто лидерот на ДУИ Али Ахмети кои ќе се емитува вечерва од 20 часот на ТВ21.

Ахмети во интервјуто открива за состаноци кои пред три години ги побарале одредени министри во Владата но и поранешни од времето на осамостојувањето.

— реклама —

„Јас не зборувам на празно. Зборувам со факти. Ќе ви кажам една вистина, пред три години, состанок со мене побараа поранешниот министер за финансии, министер за финансии веднаш после независноста и претседател на тогашната комисија за приватизација. Ми вели, дојдов да ти ја кажам вистината, затоа што треба да ја знаеш, јас сум бил министер за финансии, јас сум бил претседател на Советот за приватизација, јас сум работел по правило, војна во 2001 немаше да има. Тогаш во Владата работевме и правевме се што можеме како да ги отстраниме Албанците од процесот на приватизација и тоа успешно го направивме, не ги оставивме Албанците да се вклучат во приватизацијата, затоа се случи и војната. Е тоа ми го кажа поранешниот министер за финансии, кој сега има 90 години и сè уште е жив“, додава Ахмети во интервјуто за ТВ21.

— реклама —

Зборува и за разговорите со олигарсите во Македонија и за тоа каква порака им пренесува.

„И јас денеска, на олигарсите во Македонија им велам, одете зборете со него, со поранешниот министер за финансии, не ја враќајте државата 20 години назад, оставете ги Албанците да бидат рамноправни во економијата. Која е пораката која мојот син доаѓа тука и се обидува да работи и веднаш му се ставаат сите институции над глава, го гонат кривично. Кој е пораката која ја праќаме кон другите инвеститори?“, прашува Ахмети во интервјуто.

— реклама —

Целата емисијата вечерва од 20 часот на ТВ21. Од неговиот дом во Зајаз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања