Во моментов на државата не и се потребни предвремени избори, истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска по свечената академија за Денот на независноста на Косово.
-Парламентарното мнозинство функционира во рамки на нормалноста. Воопшто нема судири или разлики меѓу коалицициските партнери. Секако дека има разлики за одредени теми, но добрата работа е што на крајот за сите прашања се постигнува консензус. Нема никаква потешкотија во функционирањето на оваа партнерство, коалиција и воопшто не се размислува и нема никаква причина за ново парламентарно мнозинство. Се си функционира во рамките на нормалноста. Не е дискутирано и не се размислува за реконструкција на Владата“, одговори Ахмети на новинарско прашање.
фото: Архива