Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното интервју на ТВ 21 рече дека не знае колку чинат зејтинот и брашното бидејќи за тоа е задолжена неговата сопруга.
– Јас не знам ни која е цената на зејтинот, на брашното… Тоа го средува жена ми. Јас мојата заработка и се што поседувам пријавувам во институциите. Што имам, тоа што ми оставил татко ми. Една куќа само направив во 2002/3 година, тогаш уште не бев корумпиран – рече низ смеа Ахмети.