Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Ахмети од Струга: Утре може и еден Албанец да биде претседател на државата или на Владата, со разбирање се се постигнува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

„Македонија, јас Ве уверувам, ако работиме со посветеност следниве 5 години, ќе биде полноправна членка на Европската Унија. Исто така треба да ги исполниме стандардите кои ќе бидат во наша корист, како прво, да владее законот, да имаме квалитетно образование, да се бориме против криминалот и корупцијата... Ние сме тие кои што најмногу добиваме бидејќи овие вредности ги има Европската Унија, ние треба да ги изградиме тука. Ова ќе се случи, бидејќи ние имавме дури и скептици во однос на тоа дека оваа земја ќе стане членка на НАТО, но 11 земји веќе го ратификуваа договорот и до крај на годината Република Северна Македонија ќе стане 30-та земја членка на НАТО”, истакна Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, од Струга.

— реклама —

Тој додаде дека за еден консензуален кандидат се договорија четири албански политички партии и 27 други партии кои веруваат дека ќе му служи на иднината на земјата.

„На никого не му е со тапија дадено правото, утре може и еден Албанец да биде претседател на државата или на Владата. Така како што не беше замисливо порано еден претседател на Собранието, министер за Внатрешни Работи, Одбрана, Народниот Правобранител, други раководни кадри во полиција, во државната сигурност да бидат Албанци, затоа со разбирање и соработка се се постигнува, рече меѓу другото Ахмети.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања