„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ахмети: „Рекет“ е сплет на околности, алчноста го уништува човекот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Ahmeti-Dzafeti-Bejli

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети смета дека последните настани со случајот „Рекет“ и притварањето на специјалната обвинителка не се сценарио, туку сплет на околности кои треба до крај да се расветлат.

— реклама —

– Пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите. Не сметам дека ова е сценарио на некакви кругови и наметнато од страна. Тоа настанало во околности кои треба да се истражат и расветлат. Тука станува за личната алчност на поединци. „Алчноста го уништува човекот“ е израз на нашиот народ кој сé се објаснува. Секако дека е скандал и тоа ме разочара, рече Ахмети.

Тој во изјавата за актуелните состојби во земјава по посетата на гостиварските села Лакавица и Србиново ја потенцираше важноста од ветингот, што неговата паратија го турка во јавноста.

— реклама —

– Ветингот се обидуваме да го инсталираме подоглго време и тој да не биде само за обвинители, судии, туку и за сите политичари кои ќе раководат со државата. Тоа е еден вид скенер кој ќе ни покаже кои се идните раководители, рече Ахмети.

Тој на селаните од двете села во гостиварската општина им најави дека добил ветување од директорот на „Македониај пат“ дека покрај асфалитрањето на пет километри од локалниот пат, наскоро ќе продолжи со уште два километри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања