Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Ахмети вчера дaл исказ во Хаг?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ahmeti

Иако беше најавено дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на 2-ри и 3-ти септември е повикан да даде исказ пред Специјализираното обвинителство на Косово (СОК) лоцирано во Хаг, според ТВ „Клан Косово“, тој веќе дал исказ вчера (вторник), а денеска (среда) ќе следи вториот ден од неговото испрашување. Според оваа телевизија, тој е испрашуван исклучиво во својство на сведок, објави dw.com.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во август беше повикан да се појави пред ова Обвинителство, откако СОК минатиот месец објави дека на 24 -ти јуни до Специјализираните совети на Косово (ССК) поднело обвинение од десет точки со кое претседателот на Косово, Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, и неколку други поранешни водачи на ОВК се товарат за воени и други низа злосторства против човештвото. Обвинението го разгледува судија на ССК за претходна постапка, кој треба да одлучи дали ќе го потврди или ќе го отфрли.

— реклама —

Од Специјалното обвинителство на Косово минатиот месец не коментираа во кое својство е повика Ахмети, со образложение дека и Обвинителството и судот се до конечно одобрување на обвинителниот акт во јавноста не споделуваат детали, ниту се знае кој е обвинет, а кој сведок.

— реклама —

Текстот во целост на: dw.com.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања