„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ахмети: ВМРО ДПМНЕ никогаш не барале амнестија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ahmeti

Спротиставени изјави во таборот на владејачката коалиција. Додека Оливер Спасовски ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека се пазареле за амнестија, Ахмети го демантира.

— реклама —

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на своите јавни настапи во референдумската кампања неколку пати јавни обвини дека ВМРО-ДПМНЕ, во ниту еден момент не мислеле за Договорот од Преспа, туку ги интересирало само амнестија.

„Имаше една работа која беше најважна за Мицкоски и ДПМНЕ. А тоа беше да се погодат со СДСМ, со Заев и Владата да имало амнестија за Груевски и неговата компанија. Ако некој смета дека треба да уценува со излезност на референдум за да се пазариме за амнестија на криминалци, нема амнестија за никој", изјави пред неколку дена Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

— реклама —

Но лидерот на ДУИ и коалициски партнер на СДСМ, Али Ахмети во синоќешното гостување на телевизија 24 Вести изјави дека никој од ВМРО-ДПМНЕ вклучително ни Никола Груевски ниту пак Христијан Мицкоски во ниту еден момент не побарале амнестија.

Но лидерот на ДУИ и коалициски партнер на СДСМ, Али Ахмети во синоќешното гостување на телевизија 24 Вести изјави дека никој од ВМРО-ДПМНЕ вклучително ни Никола Груевски ниту пак Христијан Мицкоски во ниту еден момент не побарале амнестија.

-Не, значи не бараше Никола Груевски, ниту Христијан Мицкоски од мене ниту амнестија ниту некоја друга олеснителна околност. Христијан Мицкоски бараше да не се употребуваат двојните стандарди преку изборниот процес. И Никола Груевски истото ми го има речено дека треба да се воспостави по правото, доколку се прекршени законите тие ќе одговараат пред правдата. Не сакаат реваншизам ниту да се употребуваат двојни стандарди во оваа држава, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во вчерашното гостување на 24 Вести.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања