Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

АХВ ја зајакнува научната и техничката соработка со Италија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Italija-dogovor-2

За воспоставување основа за научна соработка и за техничка и административна поддршка во областа на безбедностa на храната и ветеринарното јавно здравство и за зајакнување на контролата на заразните болести на животните, зоонозите и алиментарните интоксикации во Република Македонија и Република Италија, денес,во Рим, Република Италија, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, со генералниот директор на Директоратот за здравствена заштита на животните и ветеринарно медициснките препарати при Министерството за здравство на Република Италија, г-дин Силвио Борело и г-ѓа Гаетана Фери, директор на Генералниот директорат за хигиена, безбедност на храна и исхрана при Министерство за здравство на Република Италија го потпишаа Договорот за научна и техничка соработка од областа на ветеринарното јавно здравство, здравствената заштита на животните и ветеринарно медицинските препарати.

— реклама —

„Со потпишувањето на овој Договор ќе се зајакне долгогодишната успешна соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Италија.

— реклама —
— реклама —

Во исто време договорот ќе обезбеди административна и техничка поддршка на АХВ во процесот на унапредување на веќе воспоставените системи за контрола од областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, продлабочување и допрецизирање на соработката меѓу двете земји, со што ќе се придонесе за унапредување на научната и експертската соработка во областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната.

Со потпишувањето на договорот ќе се продлабочи и соработката на научните институции со цел спроведување студии и истражувања во насока на зајакнување на системите за контрола на болестите кај животните и безбедноста на храната, соработка помеѓу аналитичките и дијагностичките лаборатории, како и развој на иницијативи и проекти за соработка со вклучување на приватниот сектор, ветеринарните комори и стопанските комори на двете земји итн“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања