„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

АХВ: Во Македонија нема небезбедни мандарини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mandarini

Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на пазарот на нашата земја се пласирани небезбедни мандарини, вклучително и мандарини кои се увезуваат од Република Турција. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли и на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во земјава, вклучително и на увозот на мандарини од Република Турција.

— реклама —

Во рамки на контролите при увоз и на овој тип овошје, по потреба, се земаат мостри за лабораториско испитување, вклучително и за евентуално утврдување на присуство на пестицидот поради кој била изречена забраната за увоз на мандарини по потекло од Република Турција во Република Српска.

Пратки со посоченото цитрусно овошје од Турција во земјава, лабораториски се тестирани во месец декември 2018 година, а во фаза на лабораториско тестирање се и мострите кои инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство ги земаа овој месец. Во испитаните мостри во декември 2018 година, не се утврдени отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за цитрусното овошје. Досегашните, со години извршени испитувања на безбедноста на цитрусното овошје, покажуваат резултати во граници на дозволеното поради што не се изречени ниту забрани за увоз.

— реклама —

Минатата година во земјава биле увезени повеќе од 8.6 милиони килограми мандарини, најмногу од Турција и соседна Грција, велат од агенцијата за храна и ветеринарство.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања