Бујар Османи треба да одговори колку денови вкупно поминал со
граѓаните на Чаир за време на неговите мандати во владите на Груевски и
на СДСМ, прашува ВЛЕН.
Сабри Азири, портпарол на Локалниот штаб на коалицијата ВЛЕН во Чаир, денес го критикуваше кандидатот на опозицијата за општина Чаир, Бујар Османи, за недостаток на реален интерес кон граѓаните и за преголем фокус на прашања кои се надлежност на централната власт.
"Кандидатот на опозицијата за општина Чаир,Бујар Османи не го
интересираат жителите на Чаир, нив ги доживува како алатка за
остварување на личните цели. Тој ниту ги знае точните надлежности на
општината, ниту може да ги препознае вистинските потреби на граѓаните.
Затоа највеќе сака да зборува за теми од надлежност на централната
власт“, рече Азири.
Како пример, тој го наведе начинот на кој Османи зборува за албанското
обединување во 90-тите години и за политичките активности во 90-тите и
во 2001 година, како да бил директно вклучен, иако во 1991 година имал
само 11 години, а во 2001 само 21 година.
„За жал неговите амбиции очигледно го тераат количината на измислици што
секојдневно ги пласира да добиваат размер на епски лаги. Еден пример е
кога зборуваше за албанското обединување во деведесетите години на
минатиот век и даваше оценки како да бил директен учесник. Бујар во 1991
имал 11, а во 2001 21 година, а без никаков срам говори како да бил
активен во процесите на етаблирање на албанската политичка сила и во
УЧК. Опседнатоста на Бујар себеси да си дава некакви историски улоги ги
загрижува и неговите најблиски соработници кои се повеќе се сомневаат во
исправноста на неговите проценки. Вакво потценување на интелигенцијата
на Албанците не е видено во поновата политичка историја “, додаде
портпаролот на Локалниот штаб на ВЛЕН во Чаир.
Азири предупреди дека нема да биде изненадување ако Османи тврди дека
бил дел од претседателскиот кабинет на Ибрахим Руговa во Косово.
"Нема да не зачуди ако следно каже дека бил и во претседателскиот
кабинет на Ибрахим Ругова на Косово. Затоа, ваквите интересџии како
Бујар, ќе бидат збришани на локалните избори. Конечно, нека одговори
Бујар Османи колку дена вкупно поминал со граѓаните во Чаир за време на
неговите мандати во владите на Груевски и СДСМ за да има образ сега да
ја бара нивната доверба?“ зaклучи Азири.
Азири: Османи нека каже колку денови како министер бил со Чаирци
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 5 месеци -
Скопје
Поврзани содржини
Отстранети 615 кубни метри отпад, во Чаир 13 записници за кршење на Законот за јавна чистота
Скопје | пред 2 седмици
Ќе се реконструира улицата „Лазар Трповски“ во Чаир
Скопје | пред 1 месец
Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни активности
Скопје | пред 1 месец
ЗХГ предупредува: Советот не смее да гласа милиони без јасен проект за „Цветан Димов“
Скопје | пред 1 месец