„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Бачев до владата: Веднаш барајте помош од Русија и Кина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Доцна попладнево во изјава за медимуите Јанко Бачев во името на Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ во изјава за јавноста истакна:

— реклама —

-Кризата со коронавирусот во Република Македонија се повеќе се шири и се очекува до крајот на месецот да го достигне максимумот. Од друга страна, гледаме власта во Република Македонија нема капацитет да се справи со оваа кризна состојба од објективни, а во добар дел и субјективни причини, истакна претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев. Бачев додаде:

Исто така, стратешките сојузници на власта во Скопје - НАТО и ЕУ не оставија на цедило. Нели сојузништвото подразбира да биде челично, да се дели и добро и лошо. Но, народски кажано НАТО и ЕУ не истумбаа на првата кривина. Потврдата дојде директно од Брисел. Пред два дена Европската комисија соопшти дека ЕУ не дозволува да увеземе заштитна опрема потребна во борбата против коронавирусот.

— реклама —

Затоа, во оваа драматична состојба кога народот е во паника и преплашен упатувам драматична порака до власта веднаш да побараат помош од Русија и Кина и тоа, не само помош во заштитна опрема, туку помош и во стручни лица, пред се виролози и епидемиолози кои во Македонија заедно со нашите тимови ќе ја бијат битката со коронавирусот. Ова е единствениот начин да го заштитиме народот.

За да ја добиеме битката со коронавирусот потребно е знаење, способност и достигнување. Владата во Скопје во овој момент го нема тоа.

Свесни сме дека за марионетската власт во Скопје и Зоран Заев и самото спомнување на зборот Русија и Кина предизвикува одбојност. Свесни сме дека власта во Скопје и Зоран Заев се преплашени од нивните странски газди во Брисле и Вашингтон да не им свикаат доколку побаарат помош од Русија и Кина.

Но, во овој момент сето тоа е небитно. Сега е најважно здравјето на народот. Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Само така ефикасно ќе ги елиминираме последиците од оваа здравствена катастрофа.

Веднаш барање за помош од Русија и Кина. За ова е потребно официјално барање од владата. Господа од владата, потребен ви е само еден лист хартија или еден телефонски повик до Москва и Пекинг. Ние во коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ само може да потврдиме дека доколку се упати барање, помошта од Кина и Русија ќе дојде. Тоа го тврдиме со сигурност. Ние во Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ го правиме потребниот чекор. Сега на ред е владата, истакна Бачев.

фото: Единствена Македонија

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања