Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бачев до Заев: Одговори дали Македонците на пописот ќе се запишат како Македонец/Македонка или ќе има и описна додавка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

-„Слушнав нешто од неодамнешната преписка меѓу твојот министер за правда Бојан Маричиќ и владиката Петар во врска со структурата на пописниот формулар. Маричиќ му одговори на владиката Петар дека на пописот ќе има графа за верска припадност. Попатно, Маричиќ спомна дека ќе има графа и за национална припадност која е содржана во предлог-законот за попис кој е во собраниска процедура, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Но, сега се отвора една голема дилема. За малцинствата во Македонија не е спорно дека ќе бидат запишани како Албанци, Турци, Срби, Хрвати, Роми, Власи, Бошњаци, Египќани... Ве повикувам јавно да кажете дали и Македонците ќе се запишат како Македонец/Македонка или со описна додавка кон нашата национална припадност како Македонци. Запишувањето на етничката припадност не е методологија и затоа кажете со целосна одговорност дали ќе бидем запишувани како Македонци или ќе има и описна додавка. Народот очекува одговор на ова суштинско прашање.

— реклама —

Ја користам приликата да ве потсетам дека не е убаво да лажете дека законот е усогласен со пописното законодавство во ЕУ. Најодговорно тврдам дека клучните одредби во законот се во спротивност со пописниот модел во земјите членки на ЕУ, но, детално за ова во следна прилика. Само уште ќе спомнам дека доколку биде изгласан законот за попис онака како што е предложен, во земјата на повидок е ново фалсификување на пописот во април догодина.

Историското значење на уште еден фалсификуван попис е поголемо од самиот факт за еден попис, затоа што Македонија со фалсификување на пописот, дефинитивно ќе го изгуби темелот на својата државност.

Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2021, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалсификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката“ - потенцираше Бачев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања