Бачев: ДУИ ги внесе во владината програма Монструм и Дива Населба, бараме храбар пратеник кој ќе ги предложи Карпалак, Вејце и Љуботенски Пат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Зоран Заев во новата владина програма за која два дена се расправа во Собранието, предвиде и вети испитување на случаите за кои се заинтересирани од ДУИ, како што се Монструм, Дива Населба и други,  се вели во соопштението од Единствена Македонија.

— реклама —

Единствена Македонија повикува било кој од 120 - те пратеници како овластен предлагач според Уставот и Деловникот на Собранието, на денешната собраниска седница да побара проширување на владината програма и со испитувањето на случаите за кои е заинтересиран и македонскиот народ, како што се Карпалак, Вејце  и Љуботенски Пат.

Единствена Македонија верува дека ќе се најде пратеник во македонскиот парламент со силна национална и патриотска определба кој ќе предложи во Собранието во владината програма да влезе и расчистувањето на случаите во кои македонските бранители беа пратени во заседа и мораа да загинат во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

— реклама —

За Единствена Македонија нема дилема. Загинувањето на бранителите кај Карпалак, Вејце и Љуботенски пат во едни од најкрвавите и најбруталните масакри во поновата македонска историја, мора да се расчисти.

Дотолку повеќе, испитувањето на случаите со македонските бранители може да оди многу лесно, бидејќи во македонската тајна полиција знаат што се случи, односно, постојат оперативни документи во кои детално се опишани учесниците од терористичката ОНА а сега камуфлирани во политичката партија ДУИ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања