Медиумите еуфорично го налепија народот за затворот на Мијалков. Нема збор за штетата од овие кривични дела од 87.422.668,00 денари (околу1.500.000 евра), а според пресудата треба да ја надоместат Гордана Јанкуловска и овие двајцата што избегаа во Грција. Тука Мијалков не го чепкаат иако е носител на грабежот од милијарди евра кај претходната власт, напиша на својот ФБ профил претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.
Бачев во својата објава додава:
Останувам на ставот дека нема никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените милијарди останат нечепнати.
Го осудија на 12 години, а прашање е колку ќе одлежи оти Апелација ќе намали, едното дело за кое е осуден 3 години застарува на крајот на февруари, па помилување...и на крај дали ќе одлежи и половина, 5-6 години, ако одлежи, де.
Затоа, да прашам, иако е крајно непријанто и неугодно, колку луѓе би се пријавиле доброволно да одат во затвор 5 до 6 години, ако утре им дадат стотици милиони евра со се куќи на Водно и хотел во срцето на Скопје.
Бројчаникот на Заев во центарот на Скопје застаре и трокира, бидејќи и власта на Заев е заглавена во грабеж на народниот имот. Без одземање на украденото, осудите се само добра забава за народот, напиша Бачев на ФБ.

фото: ФБ Јанко Бачев