Промени тема
Контакт

Бачев го честита денот на АРМ: Со насилното членство во НАТО, Армијата е ставена на погрешна страна на историјата како топовско месо на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев упати честитка по повод Денот на Армијата - 18 август

-„Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, дозволете најпрвин да го честитам денешниот празник и да ја потенцирам вашата континуирана посветеност во заштитата на територијалниот интегритет на државата. На денешен ден во 1943 година е формирана првата воена единица на НОВ, „Мирче Ацев„ во славната Дебарца која прерасна во македонска војска која заедно со славната советска Црвена Армија се избори за слобода на нашата држава и победа на фашизмот.

— реклама —

Денеска, 77 години подоцна во услови кога е избришана историјата на македонската армија со бришењето на АСНОМ и Илинден, ова е тажен и опасен ден за македонските војници бидејќи се ставени на погрешната страна на историјата. Марионетската власт во Скопје очајнички и насилно по секоја цена ја турна Република Македонија во НАТО со што македонските војници ќе се користат како топовско месо и нејзината територија како НАТО база во интерес на геноцидни проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.

— реклама —

Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Доаѓа ново време, врема на  нови геополитички околности во светот и во регионот, време на држави базирани на националниот и државниот суверенитет а во чии рамки националните и патриотските сили во Република Макеоднија ќе ја споречат оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели. Дозволете ми уште еднаш, почитувани претставници на Армијата, од мое лично име и од име на Единствена Македонија да го честитам Денот на Армијата“ - се нагласува во честитката од Бачев по повод Денот на Армијата

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања