Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Бачев го честита денот на АРМ: Тажно и опасно, Армијата се става на погрешна страна на историјата како топовско месо на НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

-„Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, дозволете најпрвин да го честитам денешниот празник и да ја потенцирам вашата континуирана посветеност во заштитата на територијалниот интегритет на државата. На денешен ден во 1943 година е формирана првата воена единица на НОВ, „Мирче Ацев„ во славната Дебарца која прерасна во македонска војска која заедно со славната советска Црвена Армија се избори за слобода на нашата држава и победа на фашизмот.

Денеска, 76 години подоцна е тажен и опасен ден за македонските војници оти се ставени на погрешната страна на историјата. Марионетската власт во Скопје очајнички по секоја цена го турка приемот на Република Македонија во НАТО со што македонските војници ќе се користат како топовско месо и нејзината територија како НАТО база во интерес на геноцидни проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.

— реклама —

Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Доаѓа ново време, врема на  новата легална власт на Единствена Македонија која ќе ја споречи оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели. Дозволете ми уште еднаш, почитувани претставници на Армијата, од мое лично име и од име на Единствена Македонија да го честитам Денот на Армијата! - се нагласува во честитката од Бачев по повод Денот на Армијата, се вели во честитката од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања