Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бачев го кани Каракачанов на дуел за вистината за македонските јаничари кои не издржале во историјата и за татарското потекло на Бугарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Лидерор на Единствена Македонија Јанко Бачев го кани на дуел Красимир Каракачанов лидер на партијата ВМРО-БНД.

— реклама —

-„Слушнав нешто од поканата на Красимир Каракачанов до Никола Груевски за дуел на темата ВМРО и за историскиот карактер на Македонија и Македонците. Но, еве, штом Каракачанов е меркалија на дуели, го повикувам на дуел на темата за македонски јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата и за татарско-монголското потекло на Бугарите. Да му предочам на Каракачанов неспорни историски докази дека ние Македонците немаме проблем со Бугарите кои се горди на своето татарско-монголско потекло, туку дека нашиот проблем како Македонци се одродените македонски јаничари во Бугарија, кои, за жал, не издржале во историјата и потклекнале на егзархиската пропаганда.  Го повикувам Каракачанов да не се плаши да прифати дуел и да ја види вистината која базира на историски извори за македонските јаничари во Бугарија и татарско-монголското потекло на Бугарите. Патем, се согласувам Каракачанов како долгогодишен соработник на бугарските тајни служби под псевдонимот „Иван„ со задача за кодошење на  Македонците во Пиринска Македонија да ги понесе со себе сите службени белешки кои ги пишувале агентите на БНРС од изворот Каракачанов како соработник на бугарската служба. Подготвен сум за дуел или во бугарската престолнина Софија или во престолнината на Пиринска Македонија - Благоевград„ - се вели во поканата на Бачев до Каракачанов за дуел.

фото: Единствена Македонија

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања