„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Бачев: Граѓаните ќе ги платат сите трошоци за изборите, според законот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев преку Фејсбук статус го изрази своето незадоволство во врска најновите измени на Изборниот законик и како што вели овој закон е дискриминаторски. Тој додава дека граѓаните ќе ги платат сите трошоци за изборите, па да внимаваат за кого ќе гласаат.

— реклама —

„Најновите измени на Изборниот законик кои ќе важат од претседателските избори.

Телевизиите за време на изборната кампања на секој час програма ќе емитуваат девет минути кампања од кои четири минути за власта СДСМ, четири минути за опозицијата ВМРО-ДПМНЕ и една минута за сите останати партии.

— реклама —

Значи дискриминаторски закон кој им дава осум минути кампања на час на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а само една минута за сите останати партии.

Странските гади на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од ЕУ и НАТО го оценија законот како високо демократски!

И уште поважно. За првпат сега со закон се пропиша изборната кампања целосно да се плати од буџетот.

Значи, изборите целосно ќе бидат на товар на даночните обврзници. Па, внимавајте како и за кого ќе гласате, ем со ваши пари ќе се тера кампања, ем после да не се лутите како што тоа го правите 28 години!

На следните избори народот нема да биде во право ако згреши“, напиша Јанко Бачев на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања