Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бачев и честиташе на американската амбасадорка Брнс за повторниот избор на марионетска влада во Скопје на фалсификувани избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Драга амбасадорке,

— реклама —

Ја видов вашата огромна радост од повторното инсталирање на марионетска влада во Скопје од страна на „Калето“. Токму затоа, дозволете ми во свое лино име и во име на Единствена Македонија да ви честитам на повторниот избор на марионетска влада во Скопје добиена на фалсификувани избори, вели претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

— реклама —

Тој додава:

— реклама —

Единствена Македонија и поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, драга амбасадорке, никогаш нема да ги признае фалификуваните избори и инсталирана влада која не е израз на вољата на народот.

Во меѓувреме, имам задоволство да ви ја доставувам на вашата екселенција волјата на Единствена Македонија и македонскиот народ дека никогаш нема да ги прифатат антимакедонските договори под менторство на „Калето“ со кои се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Ваша екселенцијо, предупредете ме за секакви пречки кои гледате дека стојат на патот за убеденоста на Единствена Македонија и македонскиот народ дека со учество на „Калето“ во антимакедонските договори е извршено злосторство врз македонскиот народ со бришењето од светската мапа на нации.

Истовремено, загрижен сум од вашето непочитување на претседателот Доналд Трамп кој на отворена сцена во Обединетите нации порача дека иднината не им припаѓа на странски измеќари и марионети кои се инсталирани да владеат и во Македонија, туку на патриотите кои си ги сакаат своите суверени и национални држави.

Верувам ќе се согласите дека светот се менува и доаѓаат нови геополитички околности кои ќе ни овозможат на сите нас ова национално злосторство врз македонскиот народ и 30-годишната практика на бирање на македонска влада и претседатели на партии од страна на „Калето“, да го сметаме за проблем на минатото со што и Република Македонија ќе се развива како сите современи европски држави како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право.

Ви го пишувам ова, драга амбасадорке, не само како претседател на Единствена Македонија туку и како Македонец, кој добро ја познава историјата и проблемите на мојот македонски народ кој во изминатите векови ги преживеал болните авнтури и несреќни интервенции на вонбалканските фактори.

Знам колку се овие прашања важни за вас и длабоко го ценам времето што ќе го употребите да ги согледате моите размислувања, вели Бачев.

                                                              

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања