Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бачев и Кекеновски на средба со германскиот заменик амбасадор Граф: Недозволиво е фалсификувани избори во земја кандидат за членство во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев и претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ остварија средба со Ото Граф, заменик-амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија.

— реклама —

На средбата, Бачев и Кекеновски го запознаа соговорникот со изборниот фалсификат на 15 јули и планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите изготвен од власта во Скопје и нејзините странски ментори. Бачев и Кекеновски изразија задоволство и се заблагодарија што можат изворно да го запознат соговорникот со тешкиот изборен фалсификат на 15 јули, бидејќи, пред една недела Зоран Заев на средбата со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Анке Холштајн, брутално ја излажа дека на 15 јули изборите биле фер, слободни и демократски.

— реклама —

Бачев и Кекеновски на соговорникот му приложија писмени докази од кои се гледа дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш севрена - само Македонија“ на изборите морала по секоја цена не да биде поразена, туку да биде понижена и ги пренесоа причините и планот на власта и нејзините ментори од странство кој го спроведе нивната инсталација - Државната изборна комисија за тешкото изборно злосторство врз Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“.

— реклама —

Истовремено, Бачев и Кекеновски пренесоа дека е недозволиво во земја кандидат за членство во ЕУ да има фалсификувани избори и дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ никогаш нема да го признае фалсификуваниот изборен резултат од 15 јули, а правната битка за вистината и целосна сатисфакција продолжува пред судот во Стразбур.

Заменик - амбасадорот Граф изрази задоволство што може да слушне мислење за изборите  од повеќе учесници во изборниот прцес и дека е добро со документите кои укажуваат на неправилности и фалсификат на изборите да се запознае ОДИХР и ОБСЕ пред изготвувањето на нивниот финален извештај за изборите на 15 јули.

Двете страни се согласија дека е важно во земја која претендира за членство во Европската Унија да има фер, демократски и чесни избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања