„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Бачев: Каква е таа Европа во која платеници – терористи се пуштаат од притвор да гласаат?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„Синоќа во Собранието при гласањето за одлуката за пристапување кон измена на Уставот се случи едно од најподмолните предавства во поновата македонска историја. Единствена Македонија во соопштението до јавноста од 2 октомври, предупреди дека се во игра по 2 милиони евра по пратеник. За жал, поткупот синоќа се потврди. Македонски платеници и изроди како избрани пратеници не издржаа. И не за било што, туку за тргување со највисоките национални и државни интереси“, изјави Јанко Бачев од партијата „Единствена Македонија“ на денешната прес-конференција.

— реклама —

На Зоран Заев устата му е полна со евроатлански интеграции, Европа на владеење на правото, Европа на почитување на правната држава. Каква е таа Европа во која се даваат по 2 милиони евра на пратеник за гласање за предавство спрема својата Татковина или одење во затвор ако не се гласа по нарачка на власта. Каква е таа Европа во која платеници - терористи се пуштаат од притвор да гласаат, нели власта на Заев се до вчера ги нарекуваше терористи тројцата пратеници кои синоќа не издржаа и гласаа против македонскиот народ и македонската држава. Каква е таа Европа во која Зоран Заев и врхушката на власт сакаат во НАТО и ЕУ само за да си го заштитат украденото од народот оти НАТО им го гарантира грабежот на народниот имот кој секојдневно го вршат Заев и неговото криминално друштво во власта. НАТО не го интересира грабежот, туку сака само послушни политичари кои му служат верно. Каква е таа Европа во која вчера слушнавме официјална информација од грчките валсти дека во грчкото министерствто за надворешни работи постоел таен фонд од 50 милиони евра за поткуп на политичари, новинари и медиуми во Македонија да го извршат предавството спрема сопствениот македонски народ“, вели Јанко Бачев.

Според него, ненародната и пучистичката власт во Скопје, синоќа влезе во опaсна авантура да оди против волјата на својот народ искажана на референдумот на 30 септември. Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија на 30 септември јасно порачаа дека не сакаат членство во НАТО и не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Ова што се случи синоќа во Собранието не е одлука на народот. Сега ни е потребно единство и сплотеност како Македонци. Борбата за Македонија и Македонците не е прашање на поединци или на една партија, туку на македонскиот народ.

— реклама —

„Борбата не е завршена. Напротив, финалната борба штотуку започна откако синоќа е распослана тажната слика за Татковината од налетот на марионетската власт во Скопје и нивните странски газди подржани сега и од пратеници-платеници да избришат се што е македонско. Оваа борба ќе ја решиме со пораз на марионетската власт во Скопје, нејзините странски газди и домашните платеници и јаничари кои се полакомија за пари да го продаваат светото македонско име. Новата легална власт на Единствена Македонија ќе ги расчисти целосно националните предавства, согласно законите што ќе произлеат од новиот македонски Устав“, изјави Бачев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања