Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Бачев кажа под кои услови е можна коалиција со ВМРО ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Fotografija

Единствена Македонија на денешната прес конференција,  го обелодени повратниот одговор на ВМРО-ДПМНЕ по повод јавниот повик на Единствена Македонија до ВМРО-ДПМНЕ за коалиција под пет услови.

Во продолжение прес конференцијата на ЈанкоБбачев во целост:

„Како што е познато во јавноста, Централниот комитет на Единствена Македонија на седницата од 29 февруари упати јавен повик за коалициски настап со ВМРО-ДПМНЕ под следните услови: поништување на договорот со Грција за промена на името; поништување на договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија; поништување на фалсификуваниот попис во 2002 со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25,17 отсто и спроведување на попис кој реално ќе ја прикаже бројноста на населението во Република Македонија; поништување на двојазичноста, односно, службен јазик македонскиот јазик и кирилското писмо, доколку коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија освои 61 пратеник, формирање влада без учество на албанска партија.

— реклама —

Веднаш да кажам дека повратниот договор на ВМРО-ДПМНЕ е оти овие услови се неприфатливи. За ВМРО-ДПМНЕ договорите со Грција и Бугарија со кои се бришат Македонците од светската мапа на нации е завршена работа и мора да се помириме со тоа. Јазичната федерализација со двојазичноста, исто така е прифатилива за ВМРО-ДПМНЕ. Исто така за ВМРО-ДПМНЕ мора да има коалиција со албанска партија и доколку освојат сто пратеници. Значу, за ВМРО-ДПМНЕ бришењето на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ е завршена работа и нема да ги поништуваат договорите.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има легитимно право да си гради свои политики. Но, ние длабоко жалиме што ВМРО-ДПМНЕ одбра да го прифати бришењето на се што е македонско.  ВМРО-ДПМНЕ одбра да оди против својот народ кој на реферндумот на 30 септември 2018 кажа дека не сака членство во НАТО, ЕУ и промена на името.

Ние длабоко верувавме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на еден широк национален фронт за одбрана на Македонија и Македонците. Но, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да биде на страната на неријателите на македонското дело кои не бришат како Македонци.

— реклама —

Сега останува само Единствена Македонија како автентична национална и патриотска партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси да ја бие битката за Република Македонија. Ветуваме и даваме збор дека новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги поништи антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско.

Затоа, Единствена Македонија повикува на национален Сојуз за Македонија од партии и здруженија кој заедно ќе настапи на изборите на 12 април. За таа цел, Единствена Македонија е подготвена за соработка со партии, здруженија и поединци од земјата и странство доколку е прифатлива оваа Платформа која е нашиот план и визија за спас на Македонија а секое отстапување од неа да се смета за национално предавство.

Не е потребно обединување околу лидери, партии и поединци, туку сега, ни е потребно обединување врз основа на Платформа со јасни определби. Целата држава е во заложништво и можеме да ја ослободиме само доколку делуваме, токму сега, единствени и сплотени во одбрана на Татковината.

— реклама —

Прва задача на новата легална власт на Единствена Макеоднија која доаѓа е поништување на антимакедонските договори. Тоа што Заев вели дека договорите се непроменливи, заборавете го. Лаже. Договорите се ништовни, но, за да ги поништиме има само еден услов - народот да не згреши на изборите. Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот.

Најавувам дека од денеска Единствена Македонија започнува со преговори со субјекти кои се на линијата за одбрана на Македонија и Македонците за заеднички настап на изборите на 12 април кои имаат историско значење - или  ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи.

Единствена Македонија ја бара првата шанса на изборите. Тоа може да биде последната шанса за Македонија

— реклама —

Да живее Република Македонија

Да живее македонскиот народ

Да живеат државјаните на Република Македонија“, истакна Бачев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања