Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Бачев: Лага е дека се работи на откривање на атентатот врз Глигоров, акцијата „Автомобил„ е укината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Претседателот на Единствена Македонија по повод 25 годишнината од обидот за атентат врз поранешниот македонски претседател во изјава за јавноста рече:

— реклама —

-„Повторно 3-ти октомври беше уште едно потсетување, дека пред 25 години е извршен обид за атентат врз Киро Глигоров. Вчера, повторно слушавме лаги дека и натаму се води постапка против непознат сторител. Меѓутоа, на многу конкретен начин, ќе и покажам на јавноста дека кажаното дека се работи на атентатот е една голема лага. Постои интерен документ-телеграма од врвот на МВР до сите организациони единици на тајната служба и криминалистичката полиција во кој се вели, цитирам: „Ве известуваме дека Штабот на Оперативната акција Автомобил во седиштето на МВР веќе не постои како посебна организациона целина„ - завршен цитат. Единствена Македонија го има овој документ.

— реклама —

Значи, Штабот на Оперативната акција „Автомобил„ се укинува. Да појаснам, по атентатот е заведена оперативна акција со кодно име „Автомбил„, во која требало да се слеваат сите сознанија и податоци од значење за овој немил настан. Меѓутоа, Штабот и оперативната акција Автомобил не постојат повеќе. Атентатот врз Глигоров повеќе не е предмет на систематско и организирано работење на МВР. Или со други зборови кажано, атентаторите сега можат само случајно да се откријат, бидејќи според овој документ се е оставено на случајноста. После овој сканадолозен документ, со кој се укинува Штабот и оперативната акција „Автомобил“, суштинско прашање кое ја интересира јавноста е:

Зошто и понатаму се лаже народот дека се работи на откривање на атентаторот врз Глигоров, кога Штабот и ОА Автомобил се укинати?

— реклама —

Зошто МВР го лажеше и самиот Глигород до неговата смрт дека се работи на атентатот, наместо отворено да му кажеа дека токму заради неработењето, истрагата никогаш не била блиска ниту до мотивите, ниту до извршителите?

— реклама —

Јавноста чека одговор на прашањето - Кој ги укинал Штабот и оперативната акција Автомобил? - потенцираше Бачев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања