Промени тема
Контакт

Бачев: Македонските попови вечер да фрлат анатема до седмо колено за оние што ги подржуваат уставните измени за бришење на Македонците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„Во името на Единствена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до членовите на Синодот на Македонската православна Црква, на преподобното свештенство и монаштво и на сите православни верници по повод големиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божиќ со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој.

Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја одбраниме светата македонска земја која е окупирана од сатаната која нема никава почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.

— реклама —

И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на традиционалните и духовните вредности, а помирувањето на македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата зедничка инднина.

— реклама —

Водени од оваа верба, силно веруваме дека следниот Божиќ ќе го дочекаме во слободна Македонија, а нашата должност како Македонци е да ги одбраниме светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

— реклама —

Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување. Македоснките попови имаат силна национална должност на вечерашните богослужби низ сите цркви во земјата и дијаспората да фрлат анатема до седмо колено до оние кои ги подржуваат уставните измени за бришење на библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја“, се вели во честитката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања