Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бачев на средба со иранскиот амбасадор: Устите на европските бирократи се полни со демократија а признаваат фалсификувани избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев придружуван од генералниот секретар Ацо Николовски, во име на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ денеска оствари средба со амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Н.Е. Маџик Бизмарк.

— реклама —

На средбата се разговараше за изборниот фалсификат на 15 јули и за скандалозниот план за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите изготвен од власта во Скопје и нејзините странски ментори,  се вели во партиското соопштение.

— реклама —

Во однос на тоа како е изведена фалсификатот спрема Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“, Бачев на соговорникот му приложи повеќе писмени докази од кои се гледа дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш севрена - само Македонија“ на изборите морала по секоја цена не да биде поразена, туку да биде понижена.

— реклама —

Бачев детално го објасни планот на власта и нејзините ментори од странство кој го спроведе нивната инсталација - Државната изборна комисија, односно, ги пренесе причините за тешкото изборно злосторство врз Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“  во контекст на борбата за влијание во Македонија поради што Единствена Македонија е колатерална штета на изборите.

Истовремено, Бачев пренесе дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ никогаш нема да го признае фалсификуваниот изборен резултат од 15 јули и дека правната битка за вистината и целосна сатисфакција продолжува пред судот во Стразбур. Во овој контекст, Бачев изрази жалење од двојните аршини на европските бирократи од Брисел на кои устите им се полни со демократија а во реалноста признаваат фалсификувани избори.

Неговата екселенција амбасадорот Маџик Бизмарк се заблагодари за посетата и можноста да слушне повеќе засегнати страни кои учествуваа на изборите на 15 јули и говореше за потребата од посилна македонско-иранска соработка во области каде постои потенцијал за соработка, дотолку повеќе со оглед на трајната врска меѓу Македонија и Персија чиј наследник е денешната Исламска Република Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања