Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Бачев најавува операција „Сабја“ за украдените милијарди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
janko

Многумина ме прашуваат како ќе ја оствариме точката десет од нашата Платформа која се однесува на одземање на украдените околу 15 милијарди евра во приватизацијата и постприватизацијата во изминатите 30 години, вели претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

Еве го планот во пет чекори на Бачев:

— реклама —

ЧЕКОР ПРВИ: Новата легална власт на Единствена Македонија по изборите склучува договор за стратешко партнерство со Русија;

ЧЕКОР ВТОРИ: Организирање поучна екскурзија во затворот „Идризово“, со цел, олигарсите од кои треба да се одземе украденото да се запознаат со затворските услови за живот;

— реклама —

ЧЕКОР ТРЕТИ: Транзициските бандити добиваат рок од 29 дена да го вратат украденото во изминатите 30 години;

ЧЕКОР ЧЕТВРТИ: Кој нема да постапи во напред наведниот рок, веќе следниот триесети ден се заведува акцијата „Сабја„ во чии рамки следува апсење и конфискација на украденото;

ЧЕКОР ПЕТТИ: Се организира референдум народот да одлучи дали конфискуваните милијарди евра да се вложат во посебен фонд за развој ИЛИ да се поделат на народот оти во криминалната приватизација транзициските бандити го поделија целото богатство а народот (целата администрација, војската, полицијата, образованието, земјоделците, невработените, студентите..) не добија ниту една акција иако 50 години наназад општествениот имот го создаваа сите работни луѓе во социјализмот, па народот нека одлучи на референдум!

Се заветувам пред Природата, Господ, Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија дека нема да отстапам од оваа определба. На потег е народот.

На изборите ја бараме првата шанса за Единствена Македонија.

Тоа може да биде и последната шанса за Македонија, вели претседателот на Единствена Македнија Јанко Бачев.

фото: ФБ Јанко Бачев

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања