Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Бачев: Нека е честит и за многу години празникот -Да ни е вечна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
janko

Во мое лично име и во име на Единствена Македонија, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богородица, со искрена желба празникот да го минат во добро здравје и радост исполнети со љубов и со хармонија, напиша на својот ФБ профил претседателот на „Единствена Македонија Јанко Бачев.

— реклама —

Тој додава:

— реклама —

Покрај желбата за добро здравје и радост, дозволете ми да посакам љубовта кон блиските и татковината да бидат водилка низ животот.

— реклама —

Денес татковината преживува најтешки моменти од кога било досега и затоа ние имаме света должност да си ја вратиме државата назад.

Да ја продолжиме битката сплотени и единствени за нашата земја, нашата татковина, во која, денеска, во доминантно македонска и православна Македонија ние Македонците станавме странци и граѓани од втор ред,

Посакувам во овие тешки мигови за татковината да имате добро здравје иако чуствувате голема болка поради несигурната егзистенција, грабежот, безаконието криминалот и корупцијата што ви ги дава власта.

Посакувам да бидете на првата линија во одбрана на националните интереси, во битката за поништување на капитулантските и предавнички антимакедонски договори, Република Македонија национална држава на македонскиот народ со гарантирани права на малцинствата според меѓународното право, службен јазик македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, грижа за иселениците од Македонија и за положбата и правата на македонскиот народ во соседните земји, Македонија унитарна држава со само една државна власт на нејзината територија.

Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови да се бориме и за Македонија. Домот, семејството и Македонија се светост и затоа битката за нашите светости е света должност!

Нека е честит и за многу години празникот. Да ни е вечна Македонија, напиша Бачев на ФБ.

https://www.facebook.com/JankoBachev66/photos/pcb.734559333788646/734557437122169/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања