Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Бачев-Тимоние: Почитувајте ја реалноста по европските избори и блокирајте го приемот во НАТО и ЕУ оти засекогаш остануваме Македонци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев придружуван од членот на Извршниот комитет Ацо Николовски оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија Кристиан Тимоние и заменик-амбасадорот и прв советник Станислас Мрозек.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, стратешките приоритети на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа и новите околности со подемот на националните партии по изборите за Европскиот парламент.

— реклама —

Претседателот Бачев нагласи дека новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе го поништи договорот со Грција за промена на името како спротивен на домашното и меѓународното право. Тој ги запозна соговорниците со меѓународно правно-признатите основи и процедури за ништовноста и пренесе дека македонскиот народ никогаш нема да го прифати бришењето на се што е македонско оти сакаме да бидеме свои на своето.

Во однос на ево-атланските процеси, претседателот Бачев нагласи дека народот референдумски се изјасни дека не сака членство во НАТО и ЕУ и промена на вековното македонско име. Марионетскиот премиер Заев ги лаже сите - и дипломатските претставници во земјата и народот дека Македонија нема алтернатива за евро-атланските интеграции.

— реклама —

Соговорниците пројавија интерес околу алтернативите на Македонија заради што Бачев ја изложи надворешно-политичката определба на Единствена Македонија за стратешко партнерство со Русија кое го обезбедува опстанокот на Македонија и Македонците.

Претседателот на Единствена Македонија повика на почитување на новата реалност по европските избори со подемот на националните партии за нова Европа заснована на работа, слобода, народ, право и правда во чии рамки се остваруваат македонските национални интереси, заради што побара од Франција да го блокира приемот на Македонија во НАТО и ЕУ со кој прием се брише се што е македонско.

Претседателот на Единствена Македонија истакна дека во земјата владее безаконие, корупција и криминал, а марионетскиот премиер Заев и врхушката околку него трупат огромни богатства од позиција на власт. Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија е ревизија и одземање на украденото во приватизацијата и постприватизацијата во кои во изминатите 30 години се украдени околу 15 милијарди евра народни пари. Бачев истакна и дека е загрижувачки односот на НАТО и ЕУ кои не ги интересира грабежот врз грбот на народот туку сакаат само марионети кои верно им служат во геноцидниот проект за бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Бачев му изрази благодарност на амбасадорот Тимоние за неговите секојдневни активности и иницијативи низ Републиката на образовен и културен план за поблиско запознавање и зближување меѓу македонскиот и францускиот народ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања