Не ми е познато кој се советниците и аналитичарите на Мицкоски, но, со вакви изјави кои наидуваат на потсмев во јавноста, тешко до целта. Ако тврдиме дека имало масовни протести, тогаш таквите протести треба и во стварноста да постојат, Напиша на својот ФБ профил претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.
Бачев во објавата додава:
За жал, такви масовни протести со кои ќе го здрмиме Заев засега ги среќаваме само во главата на Николовски, но не и во стварноста во која живееме.
