Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Бачев: Заев си го виде раатот во политиката, брише се што е македонско и трупа големо богатство од позиција на власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев по повод денешната изјава на Зоран Заев за двете години од неговата влада, во изјава за медиумите рече:

— реклама —

- „Марионетскиот премиер Зоран Заев го избриша името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. За време на двегодишното владеење на Заев во земјата владее безаконие, криминал и корупција каде Заев и врхушката околу него трупат енормни богатства од позиција на власт.

Илустративен е примерот со првите двајца луѓе во владата, премиерот и вице премиерот. Зоран Заев од позиција на премиер си зема лиценца за бизинис со дрога кој со семејните бизниси му носи годишна заработка од 100 милиони евра и Кочо Анѓушев кој секој ден го фаќаат со тендери за неговите фирми богатејќи се врз грбот на народот. Патем и самиот Заев го призна ова кога на последниот ТВ дуел на „Само вистина“ со Христијан Мицковски кажа дека фирмите на Заев плаќаат по десетина милиони евра данок годишно, што според даночните стапки значи дека остварува годишна добивка од 100 милиони евра.

— реклама —

Марионетскат власт во Скопје купена и контролирана од странски центар избриша се што е македонско и на раат го пљачка народот оти ужива заштита на украденото од своите странски газди од НАТО кои не ги интересира грабежот туку сакаат само марионети кој верно ќе им служат во геноцидниот проект за уништување на македонскиот народ.

Зоран Заев си го виде раатот во политиката, избриша се што е македонско и натрупа големо богатство од позиција на власт. Една од првите задачи на новата народна власт на Единствена Македонија која доаѓа е да расчисти со националното злосторство и економска диверзија врз македонскиот народ, одговорност мора да има“ - истакна Бачев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања