Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Баделки“ имаа победнички викенд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Спорт
4-4

Кадетките, сениорките и младинките на ЖКК „Бадел 1862“ имаа успешен викенд.

— реклама —

На третиот по ред турнир за кошаркарки под 14 години, во Кавадарци најмладите „баделки“ забележаа две убедливи победи. Прво ја победија екипата на ЖКК „Вардар“ со резултат 52-15, а потоа со голема разлика го надиграа и ЖКК „МЗТ“, со резултат 79:13. На досега одиграните три турнири баделовите кадетки се без пораз и се на прво место.

— реклама —

— реклама —

На домашен терен сениорската екипа на клубот од Кисела Вода го победи  ЖКК „Баскет Кам“ од Македонска Каменица , со резултат 72:52. Со оваа победа „баделки“ ја забележа 13 победа по ред во лигата. На натпреварот најмногу се истакнаа Сања Адамовска со постигнати 19 поени, Драгана Јоловиќ со 15 и Сандра Лазареска со 14. Заслужни за големата победа се и Катерина Поп Димитровски 10, Сара Петровска 6, Сара Максимовска 2, Наталија Секуловска 2 и Ева Атанасовска 2.

— реклама —

И младите „баделки“ М18 во Кисела Вода забележаа голема победа против „Баскет Кам“ со резултат 78-41, со што и се реваншираа на противничката екипа за поразот со 14 разлика во Македонска Каменица, во првиот дел од првенството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања