Баделки убедливо го победија Нирнберг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Спорт
IMG-a7f3bc13932a65b16cde9cd36ffc943e-V-1

ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода, минатата седмица беше домаќин на женскиот кошаркарски клуб „POST SV Nürnberg “, од Германија. Во реновираната спортска сала „Независна Македонија“, во Кисела Вода девојките на „Бадел“ заедно со нивните врснички од Нирнберг тренираа и разменуваа искуства од спортските терени.

— реклама —

— реклама —

Дружењето на кошаркарките продолжи со запознавање на македонската традиција, прошетки и разгледување на убавините на Скопје.

— реклама —

На тренингот на врвот на планината Водно германките заиграа македонско оро. Посетата на екипата од Нирнберг заврши со одигрување на пријателски натпревар, на кој баделки убедливо победија, со резултат 76-34. Во рамки на долгогодишната соработка на збратимените градови, Нирнберг и Скопје, кошаркарките на двата клуба се сретнаа со градоначлникот на Скопје, Петре Шилегов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања