Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Баделки вчера ја означија десеттата победа по ред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Спорт
4-4

Сениорките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода продолжуваат да редат победи во македонското првенство во женска кошарка.

— реклама —

Баделки вчера со голема разлика ја победија екипата на „Струга 2009“, со резултат 66-46 ( 15:11, 20:16, 14:11 и 17:8). Со оваа десетта победа досега непоразената и најдобра женска екипа прогласена за 2018 година се задржа на првото место на табелата. Најефикасни кошаркарки од домашната екипа беа Сандра Лазареска со постигнати 18 поени, Наталија Секуловска со 14 и Сара Петровска со 12. За големата победа заслужни се и Сања Адамовска 9, Катерина Поп Димитровска 5, Сара Максимовска 2 и Наталија Гаревска 2. Од екипата на „Струга 2009“ на теренот најмногу се истакна капитенот Татјана Стојановска. Судии на натпреварот беа Боро Антовски и Бисера Бикова.

— реклама —

— реклама —

За одбележување на овој натпревар е и тоа што во ростерот беше и повратничката кошаркарка Драгана Јоловиќ која во зимскиот период потпиша договор со екипата на „Бадел“.

— реклама —

Следниот викенд девојките на „Бадел“ во вториот дел од првенството на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија“ во Кисела Вода ќе и се спротивстават на екипата на ЖКК „Работнички“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања